Вие имате прво да ја знаете вистината

Само еден човек го вперил пиштолот во Кадиров и останал жив: Како “лудиот” Аргентинец го направи тоа што никој друг не може!

Храброста и лудилото го красеа големиот талент на Бока Јуниорс, Хектор Бракамонте, кој својата кариера ја изгради во Русија

Поранешниот аргентински фудбалер Хектор Бракамонте ја откри лудата приказна во јавноста. Напаѓачот, кој беше голема надеж за Бока Јуниорс во помладите категории, играше во Русија три години и таму доживеа неверојатни авантури.

Додека беше член на клубот Терек од Грозни во 2009 година, денес тимот се вика Ахмат, Хектор Бракамонте (44) имаше интересна средба со првиот човек на Чеченија, Рамзан Кадиров, голем вљубеник во боречките вештини и фудбалот.

Кога пристигнав во Грозни, веднаш ме однесоа во резиденцијата на почесниот претседател на клубот и прв човек на Чеченија, Рамзан Кадиров. Разговаравме, а потоа излеговме надвор. Кадиров влезе во мерцедесот, јас бев до него. Телохранителот беше одзади. Рамзан почна да вози како Михаел Шумахер. На сред пат под седиштето извадил нешто украсено со дијаманти. Тоа беше автоматски пиштол! Кадиров ми го предаде. Не знаејќи што да правам, го ставив прстот на чкрапалото и почнав да нишанам … кон Кадиров – се присетува Аргентинецот во разговор за “Совспорт”.

Тогаш се случи нешто на што не се надеваше, телохранителот ја подигнал цевката од автоматот и го вперил кон Аргентинецот кој бил во чудо.

  • Никој нема право да пука во претседателот!

“Дали е вистински?” праша Бракамонте, мислејќи на дијамантскиот пиштол и продолжи.

Сето тоа време Рамзан Кадиров не престана да се смее. Ја отвори касетата во автомобилот во која имаше неколку списанија и покажа на патроните. Тогаш му реков дека можев да го застрелам. И се сврте и ме праша – А кој би ти дал плата? Почнавме да се смееме. Но, знам дека ако испукав куршум, дури ни Рамбо немаше да може да излезе жив од таа кола .

Инаку, Хектор Бракамонте за клубот од Грозни одигра 37 натпревари и постигна четири гола. Пред да дојде во Чеченија играше за Москва, а подоцна и за Ростов. По завршувањето на кариерата остана во фудбалот, имаше своја академија, а работеше и со помладите категории во Бока Јуниорс. Денеска е тренер во Уругвај каде го предводи тимот на Серо Ларго.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!