Вие имате прво да ја знаете вистината

Се урна авион во Франција, пет лица го загубија животот меѓу кои и едно дете! Телата на жртвите потполно јагленисани!

Туристички авион се урна во југоисточна Франција, при што загинаа пет лица.

Авионот „Жодел Д140“ се урна при слетување во департманот Изер во регионот Оверњ-Рона-Алпи, пренесоа француските медиуми.

Полициски извори за француската телевизија BFM изјавија дека авионот со пет седишта бил сопственост на аероклуб.

БФМ извести дека телата на жртвите се пронајдени во целосно јагленисана состојба.

Француската телевизија исто така наведува дека според неофицијални информации меѓу патниците имало и едно дете.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!