Вие имате прво да ја знаете вистината

Шестгодишно дете се удави во реката Пена во Тетово.

Шестгодишно дете го изгуби животот откако денеска околу 13 часот паднало во реката Пена во Тетово.  Детото живеело во населбата веднаш по последниот мост на реката Пена на т.н. Индустриска улица каде куќите се непосредно до речното корито.

Откако паднало во реката, мештаните ги повикале пожарникарите чија станица е во близина на оваа маало, кои ги повикале останатите институции по што е почнато пребарување на местото.

Според информациите на тетовските пожарникари, дошле припадници на специјалните единици на полицијата, како и на Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи по што е започната четири часовна претрага. Безживотно тело е најдено во реката Пена во населбата Деребој.

  • Од кај нас прво побараа помош, па ние им се јавивме на ДЗС и ЦУК и полицијата. Во меѓувреме ние направиме два тима, да го пребараме местото, информираше Ука Алити командант на пожарната.

По увидот телото е дадено на обдукција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!