Вие имате прво да ја знаете вистината

Арестович: „САД и Русија започнаа дијалог за Украина, но пред преговорите сакаме контраофанзива!“

Советникот на украинскиот претседател, Олексеј Арестович, рече дека Украина нема планови да започне мировни преговори пред да започне контраофанзива на истокот и југот од земјата.

Арестович во разговорот со Марк Фејгин се осврна на актуелната состојба на фронтовите, но и на преговорите за прекин на конфликтот во оваа земја.

Иако досега преговорите за завршување на војната во Украина се водеа исклучиво меѓу руската и украинската делегација, Арестович посочува дека за првпат од САД доаѓаат помирувачки ноти и најава за можен дијалог со Русија.

„Американците се појавија со помирувачки ноти. Започнаа повиците, дијалогот меѓу руските и американските генерали. Исто така, во написот на Њујорк Тајмс се вели дека украинската влада мора да биде „трезна“ и дека не е сосема реално да ги врати териториите окупирани пред 24. февруари. Ова јасно го одразува ставот што е присутен во самите Соединети Држави“, рече Арестович.

Тој нагласи и дека Американците дале простор за дијалог со Русија.

„За да го направат тоа, дадоа неколку рестриктивни изјави за теми кои се исклучително важни за Руската Федерација. Тоа се однесува на набавката на системот Патриот, системи за противвоздушна одбрана, повеќеракетни системи, како и системи за наведување ракети со дострел до 300 километри“, посочува советник на украинскиот претседател.

И покрај тоа што Русија и САД водат одреден дијалог на тема Украина, Арестович рече дека Украина нема да се согласи да започне трет договор од Минск.

„Нашето политичко раководство нема да се согласи со Минск 3. Дури и ако Руската Федерација веќе води таков дијалог со некои земји од ЕУ, тоа на ниту еден начин нема да ја промени позицијата на украинското раководство“, рече Арестович.

На крајот, тој истакна дека ставот на украинското раководство за преговорите е јасен.

„Според пресметките на украинските и западните аналитичари, за месец или два, украинската армија ќе биде на врвот на своите борбени способности. Ставот на раководството е дека треба да се обидеме да започнеме контраофанзива и потоа да започнеме преговори“, заклучи Арестович.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!