Вие имате прво да ја знаете вистината

Граѓаните на овој германски град мораат три месеци мачките да ги чуваат исклучиво дома.

Сопствениците на мачки во германскиот град Валдорф се обврзани да ги чуваат своите миленици исклучиво во затворени простории до крајот на август, со цел да се заштити реткиот вид птица за време на сезоната на парење.

Станува збор за вид кој гнездото го гради на земја, па затоа е многу лесен плен за мачките. Според Euronews, популацијата на птици во Западна Европа значително се намалува во последните децении. Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) истакна некои од нив како оние за кои треба да се грижиме, бидејќи ги има се помалку и помалку.

Властите на Валдорф рекоа дека секоја мерка е важна за опстанокот на чучурлигата. Забраната за мачките ќе важи во јужните делови на градот.

Сопствениците на мачки кои ќе ја прекршат оваа забрана ќе бидат казнети. Доколку миленикот биде пуштен надвор од домот, сопственикот ќе биде казнет со 500 евра. Ако мачката убие птица, ќе биде казнет со 50.000 евра.

Сепак, најголемата германска организација за заштита на животните, Deutscher Tierschutzbund, предупреди дека спречувањето на мачките да излезат надвор им предизвикува стрес. Одлуката на локалните власти ја оценија како спорна.

Некои други организации ја поздравија одлуката за заштита на видовите птици, но рекоа дека тоа не треба да биде на штета на другите животни. Тие истакнуваат дека човекот е единствено виновен што оваа птица е загрозена. Според некои истражувања, домашните мачки убиваат мал број птици, пренесува Euronews.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!