Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешниот британски пратеник, Имран Ахмад Кан, е осуден на 18 месеци затвор поради сексуално злоставување на 15-годишно момче.

Поранешниот британски пратеник Имран Ахмад Кан е осуден на една и пол година затвор пред Судот во Саутварк, откако беше прогласен за виновен поради сексуално злоставување на 15-годишно момче, објавија денеска британските медиуми.

Кан, кој беше пратеник од Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон, поднесе оставка од пратеничкото место минатиот месец, откако беше прогласен за виновен поради сексуално злоставување на момче дома во 2008 година.

Тој ги отфрли обвинувањата.

Кан (48) истакна дека се повлекува од политичкиот живот, откако ја објави својата одлука да се откаже од пратеничкото место, на кое беше избран во 2019 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!