Вие имате прво да ја знаете вистината

Први снимки од катакомбите и непрегледните тунели под Азовстал: Еве што затекнаа по предавањето на бранителите на челичарницата! (Видео)

По предавањето на ранетите, а потоа и на останатите украински борци од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, кои беа под опсада со недели, сликите од војниците го обиколија светот, но за повеќето остана мистеријата – како изгледаат тунелите, што толку долго можеа да бидат прибежиште за илјадниците луѓе.

Првите кадри од влегувањето во урнатините на челичарницата, а потоа спуштањето во системот на тунели, кои се на неколку нивоа под земјата, прикажуваат сцени слични на холивудските филмови.

Мрак, шприцеви, тетратки и опрема од времето на СССР.

Еден од оние кои влегоа и ја снимија содржината на катакомбите на Азовстал е Игор Жданов, дописникот на сервисот RT на руски јазик.

Тој на Телеграм објави видеа и фотографии од она што го нашол таму, истакнувајќи дека секој чекор е ризичен бидејќи постои можност делови од теренот да се минирани.

Претходно рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека од Азовстал „1908 украински националисти се предале“.

Снимките направени од руските новинари и припадници на руските сили покажуваат и документи за кои тие тврдат дека се нивни (украински) воени задачи и распореди. Големината на комплексот на челичарницата сам по себе делува како град.

Од залихите со храна, камерата забележала неколку главици кромид и скапан компир во една просторија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!