Вие имате прво да ја знаете вистината

Прослава во домот на Гоца Тржан! Пејачката јавно и се обрати на својата ќерка, а нејзините зборови допираат до душата: „Додека сме живи ти ќе бидеш нечија!“ (Фото)

Пејачката Гоца Тржан денес има голема причина за славење. Имено, нејзината ќерка Лена денеска го слави својот 15-ти роденден.

По тој повод пејачката на социјалната мрежа Инстаграм и се обрати со емотивна порака:

„Е баш така, ние сме секогаш тука да ти го чуваме грбот, да те туркаме кога е тешко, да те сакаме кога не можеш ни самата себеси да се погледнеш, да те насмееме кога си тажна, да бидеме твоја сила кога се чувствуваш слабо, да ти го осветлиме патот кога не си сигурна каде треба да одиш. Биди слободна, биди своја, биди независна, биди среќна. Затоа што додека сме живи ти ќе бидеш нечија. Те сакаме засекогаш. Среќен ти Лено 15ти роденден. Те сакаат Баба, Дедо Раса и Мама“, напиша Гоца.

Гоца Тржан

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!