Вие имате прво да ја знаете вистината

Фотографии од средбата на премиерот Ковачевски со папата Франциск.

Премиерот Ковачевски и делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, што е во дводневна посета во Рим и Ватикан во рамки на традиционалните свечености во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, денеска беа примени од неговата светост папата Франциск.

На аудиенцијата кај папата Франциск по повод чествувањето на големото дело Светите браќа Кирил и Методиј, кои со својата мисија го ширеа христијанството на јазик разбирлив за словенските народи и извршија и мисија на поврзување на народите на Европа, ги потврдивме пријателските односи со Светата Столица, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!