Вие имате прво да ја знаете вистината

Русите го употребија оружјето на смртта – Горат небото и земјата во Донбас! Украинците објавија сцени од ужасните последици: “Вака изгледа најголемата и најстрашната војна во 21 век” (видео)

Русите ги засилија нападите врз Донбас бидејќи по секоја цена сакаат да ги освојат преостанатите делови од провинциите Доњецк и Луганск. Последните неколку дена небото и земјата непрекинато се тресат од жестокиот руски артилериски оган кој ја остава опожарената земја зад себе.

Министерството за одбрана на Украина објави видео на кое, како што велат, се гледа како војската на Владимир Путин жестоко ги гранатира украинските позиции во Доњецк со термобарично оружје.

Руски TOS-1А ги гранатираше украинските позиции кај Новомихајловка во регионот на Доњецк. Вака изгледа најголемата и најстрашната војна на 21 век. Украина е подготвена да возврати. За да го направиме тоа, потребен ни е MLRS (ракетен систем со повеќе цевки) на НАТО. Веднаш!“, се наведува во видеото на Министерството за одбрана на Украина.

Термобаричното оружје е познато и како аеросолни бомби. Станува збор за двостепена муниција која вшмукува кислород од околниот воздух за да создаде експлозија на екстремно висока температура. Конвенционалните бомби содржат четвртина од експлозиви и три четвртини од оксиданти, додека термобаричните бомби речиси целосно се состојат од експлозиви.

Полнењето на првата фаза го дистрибуира аеросолот составен од горива базирани на јаглерод до мали метални честички. Второто полнење го пали, создавајќи огнена топка, огромен ударен бран и вакуум додека го вшмукува целиот околен кислород. Овој експлозивен бран може да трае значително подолго од конвенционалниот експлозив и е способен да ги распадне човечките тела. Ниту ровови, ниту засолништа не штитат од неговото дејство.

Говорејќи на маргините на состанокот на Светскиот економски форум во Давос оваа недела, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба побара од Вашингтон итно да им испрати ракетни системи со повеќе цевки.

Другите потоа ќе го следат примерот“, посочи Кулеба, кој кажа дека ситуацијата на бојното поле може да ескалира.

Доколку што е можно поскоро не добиеме повеќецевни ракетни системи, ситуацијата во Донбас ќе стане уште полоша отколку што е сега“, нагласи тој.

Ова не е прв пат Русите да фрлаат термобарични бомби, тие ја нападнаа и фабриката за челик Азовстал во Мариупол, како и други делови на Украина.

Термобаричните полнежи доаѓаат во различни големини. Помалите бомби испукани од лансери на камиони или тенкови најчесто се користат за разбивање бункери и зацврстени одбранбени позиции, но не се многу ефикасни против тенкови. Со неколку надополнувања за неколку минути може да се срамни целата урбана населба. Исто така, постојат екстремно големи варијанти на бомби фрлени од авиони, дизајнирани да уништуваат пештери и комплекси на подземни тунели. Таквите направи беа фрлени во Азовстал.  

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!