Вие имате прво да ја знаете вистината

Грковска: Транспарентноста и слободата на медиумите ја зголемија осетливоста на граѓаните против корупцијата и тоа е здраво за општеството

– Борбата против корупцијата не е прашање на еден човек, не е прашање на една институција, туку е прашање на храбри луѓе коишто се спремни да ја пријават корупцијата, но и прашање на институции кои се спремни професионално да ја завршат работата. Тоа е ланец на институции, Финансиска полиција, МВР, обвинителство, судство. Ако во целиот тој ланец една институција потклекне тогаш борбата против корупцијата е неефикасна, вели вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

Таа, во денешното гостување на Канал 77, додава додаде дека забележаниот напредок во Индексот на корупција на нашата држава за 24 места е резултат на мерките што Владата ги презема. За разлика од порано денеска не се молчи и за случаи во кои се вмешани и актуелни функционери, а можноста граѓаните послободно да зборуваат за ваквите прашања влијае на таквиот впечаток.

-Поголемата транспарентност што владата на СДСМ ја воведе како пракса, поголемата слобода на медиумите влијае на оваа перцепција. Креирањето на таква атмосфера ја зголеми осетливоста на граѓаните према корупција. Дополнително, од еден затворен систем што го имавме претходно, ние денеска имаме признанија за вина во судски случаи од целата гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ. Функционери на претходната власт признаа вина за незаконско работење и за фалсификување на избори и прашање е како го одржувале тој систем затворен сите години наназад, рече Грковска.

Таа информираше дека во Владата има отворена линија на која граѓаните може да пријават пропусти, проблеми, сомнежи за корупција и секое однесување за кое граѓаните сметаат дека е спротивно на позитивните законски прописи.

-Таа линија е активна, граѓаните секој проблем може да го пријават и врз основа на тоа ние го проследуваме тоа до надлежните институции и бараме да постапат. За тоа до Владата доставуваме извештај на Владата на секои три месеци, нагласи вицепремиерката Грковска.

Вицепремиерката додаде дека и во нејзиниот Кабинет во писмена форма стигнуваат пријави и за сите оние за кои ќе се оцени дека има сериозни укажувања или дека постои можност да има прекршување на одредени законски решенија се доставуваат до институциите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!