Вие имате прво да ја знаете вистината

Русија распореди “Панцир-С1” во близината на границата: Турскиот напад се поизвесен, Захарова ја предупреди Анкара за последиците! (фото)

Ердоган е решен да започне нова воена интервенција во Сирија!

Русија постави систем за воздушна одбрана во североисточна Сирија како одговор на турските закани за нова воена интервенција со цел сузбивање на терористичките позиции, како што стои во соопштението на официјална Анкара. Руската армија распореди дополнителен систем за противвоздушна одбрана со краток дострел ПАНЦИР С1 на аеродромот во градот Камишли во североисточниот дел на Сирија.

Руски извори споделија фотографии на кои е прикажан новопоставениот систем на аеродромот, кој неодамна стана главна база на руската армија во североисточна Сирија. Според изворот системот бил распореден за покривање на ловците Су-34 и јуришните хеликоптери Ка-52 кои беа распоредени на аеродромот пред помалку од една недела.

ПАНЦИР С1 е дизајниран да обезбеди пункт за воздушна одбрана за воени, индустриски и административни објекти од авиони, хеликоптери, прецизна муниција, крстосувачки ракети и беспилотни летала.



Распоредувањето на дополнителен руски систем за противвоздушна одбрана на аеродромот во градот Камишли веројатно беше замислено како порака до Турција, чија армија и милитанти кои се борат на турска страна се подготвуваат да започнат нова операција против Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите во североисточна Сирија.

Во неодамнешниот говор турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека неговата земја е решена да започне нова операција против СДФ.



Москва постојано работи на тоа да ја убеди Анкара да се откаже од плановите за нова воена операција во Сирија за да ја поштеди земјата од нова хуманитарна катастрофа. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во соопштение од 2 јуни предупреди на последиците од новата турска операција во Сирија.

„Се надеваме дека Анкара ќе се воздржи од дејствија кои можат да доведат до опасно влошување на и онака тешката ситуација во Сирија“, рече Захарова во изјавата.


-Ваквиот потег во отсуство на договор меѓу легитимната влада на Сириската Арапска Република, би бил директно нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија и би предизвикал дополнителна ескалација на тензиите во Сирија.

Ризикот од воена конфронтација со Русија и сириските сили можеби не е доволен за да ја убеди Турција да се откаже од своите воени планови.

Анкара очигледно се обидува да го искористи конфликтот во Украина, која ја окупира Русија, а на САД им се потребни сите свои сојузници во НАТО. Додека Вашингтон изгледа подготвен да толерира нов турски напад врз својот сојузник, СДФ, Русија се чини решена да спречи нова ескалација во Сирија.


Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!