Вие имате прво да ја знаете вистината

Брнабиќ ќе учествува на Преспа форумот за дијалог 2022

Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ утре ќе учествува на Преспа форумот за дијалог 2022 во Охрид, јави дописникот на МИА од Белград.

Темата на овогодишниот форум е „Градењето на иднината на Западниот Балкан во современата европска безбедносна архитектура“.

Како што соопштија од српската Влада, Брнабиќ ќе учествува на премиерскиот панел 65 години после Договорот од Рим: Дали Европа е економски обновена и интегрирана.

На Преспа форумот во Охрид присуствуваат голем број претставници од регионот и претставници на европски институции, невладини организации, академската заедница, меѓународни организации и други. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!