Вие имате прво да ја знаете вистината

“Тие се однесуваат како да се Богови на планетата“ – Владимир Путин жестоко удри по САД и Велика Британија: “Ништо не е вечно!“

Претседателот на Русија, Владимир Путин го започна својот говор на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Говорот на Владимир Путин претходно беше одложен за два часа поради хакерски напад, соопшти Кремљ. Тој започна со поздравување на учесниците и гостите на трибината која се одржува, како што кажа: „Во тежок момент за целата светска заедница“.

Економијата, пазарите и самите принципи на глобалните економски системи се загрозени“, изјави Владимир Путин.

Претседателот на Русија додаде дека – „светот ја гледа сè поголемата важност на новите центри на моќ“ и дека – „стариот светски поредок заснован на една моќна сила е нестабилен по природа“.

САД прогласи победа во Студената војна, како и Велика Британија, а подоцна се мислеа за Богови на планетата Земја, кои немаат обврски, само интерес. Светот гледа вистински револуционерни тектонски промени во геополитиката“, посочи тој.

Владимир Путин истакна дека – „владејачките елити на одредени западни земји работат под овие илузии и избираат да го игнорираат очигледното, постојано играјќи си со духовите од минатото“.

Западните сојузници се однесуваат како светот да им е двор. Тие се обидуваат да ги изолираат погрешните држави. Тие ги третираат овие земји како од втор ред, како нивни колонии. Сметаат дека доминацијата на Западот и глобалната политика и економија е константна, но ништо не е вечно“, заклучи Владимир Путин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!