Вие имате прво да ја знаете вистината

УКРАИНА НА НОЗЕ – Голема драма во водите на Црното Море: Русија подготвува голема акција која може да стави крај на војната !?

Според последните информации руската морнарица се подготвува за масовен ракетен напад врз Украина од море, објавија странските медиуми.

Шест руски бродови кои имаат крстосувачки ракети се наоѓаат во Црното Море и, според пишувањата на медиумите, подготвуваат координиран “масовен” ракетен напад на територијата на Украина.

Засега не се познати потенцијалните цели на овој напад, кој Русија го подготвува.

Украинскиот Генералштаб соопшти дека руските бродови во таа област биле протерани далеку од брегот поради добро извршените акции на украинската армија, која успеала да ги одбие непријателските напади, објави украинскиот државен медиум Укринформ.

Украинската армија предупреди и дека “руските пропагандисти” шират сериозни дезинформации во врска со ширењето “лажни вести” и уништување на аеродроми и други важни украински воени објекти.

Киев потврди дека складиштето за храна е уништено поради рускиот ракетен напад врз Одеса, најголемото државно пристаниште на Црното Море, објави медиумската агеција Ројтерс. Засега не се потврдени цивилни жртви.

Според Украинска правда, руската Црноморска флота има три брода со крстаречки ракети и три подморници со крстаречки ракети, кои планира да ги активира за овој потенцијален напад.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!