Вие имате прво да ја знаете вистината

Американскиот актер Бен Стилер опишува како се чуствувал за време на неговата посета на Украина: “Ова е шокантно! Не сте виделе вакво нешто досега“ (фото/видео)

Во интервју за BBC Breakfast, американскиот актер Бен Стилер изјави дека е многу трогнат од она што го видел во Украина, земја која е изложена на руски напади од февруари, и сведоштвата што ги слушнал од Украинците.

Ѕвездата на филмот „Zoolander“ и амбасадорот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, во понеделникот ја посети Украина по повод Светскиот ден на бегалците.

Беше многу трогателно да се слушаат овие навистина потресни приказни“, изјави Стилер, кој го посети Ирпин, предградие на Киев погодено од руската инвазија.

Стилер кажа дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот, откако поминал време со преживеаните кои живеат во окупираните населби во регионот на Киев.

Американскиот актер и режисер изјави дека никогаш не влегол во „конфликтната зона“ пред неговата посета на Украина.

Навистина е чудно, бидејќи кога возите на запад од земјата, не го чувствувате конфликтот, освен полицискиот час навечер, кога станува многу тивко и малку морничаво. А потоа како што се доближувате до Киев, почнувате да гледате блокади на патиштата и уништување, што е навистина шокантно кога не сте виделе такво нешто одблиску“, тврди Стилер и додаде:

Гледајќи колку беа физички уништени тие населби, кои се навистина огромни, беше невозможно претходно такво нешто да се замисли“.

Стилер се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, за кој изјави:

Ова е голема чест за мене. Ти си мојот херој“.

Стилер досега ги посети Либан, Јордан и Гватемала како амбасадор на Обединетите нации.

Работата што ја вршат УНХЦР и другите невладини организации е клучна. Оваа војна остави 12 милиони луѓе без покрив над главата и дури и да заврши војната, проблемите што таа ги создаде ќе траат со години“, заклучи тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!