Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешен полициски инспектор од Белград го објаснува необичното однесување на Матеј Периш и причините за смртта: “Високата концентрација на амфетамини во организмот кажува се”

Ламбе Ѓорелијевски, поранешен инспектор на Одделението за дрога на белградската полиција, објаснува дека дејството на амфетамините е причина за дезориентираното однесување на Матеј Периш од Сплит ноќта кога исчезнал, на 30. декември минатата година, пишува Nova.rs.

На видеоснимката од камерите за видео надзор што се појави при потрагата по покојниот Матеј Периш се гледа како тој само во маица трча по белградските улици, но и моментот кога се спушта по скалите што водат кон реката Сава. Неговото тело беше пронајдено неколку месеци подоцна, на 18. мај во Дунав, во близина на Ада Хуја

Вчера беше објавен извештај од обдукцијата, кој покажа дека Матеј во телото имал амфетамин или како што на улицата се нарекува “спид”, како и алкохол. Во неговата коса биле пронајдени траги од кокаин кои претходно ги конзумирал.

Иако постоеја различни теории од тоа дека несреќниот млад човек бегал од некого, до тоа ддека тој истрчал да се сретне со некого, сите овие тврдења беа демантирани со резултатите од обдукцијата. Според Ламбе Ѓорелијевски, високата концентрација на амфетамини во организмот објаснува се.

Тој земал премногу спид и тоа го променило неговото однесување. Тоа што пиел само го успорило дејството на наркотиците, но на видеоснимката се гледа дека е тој дезориентиран и не се контролира целосно. Тоа го објаснува неговото спуштање до реката, за што, можеби, не ни бил свесен”, објаснува пензионираниот инспектор на Одделот за дрога на белградската полиција.

Според него, ако се работи за голема количина амфетамини, прашање е дали несреќниот турист ќе преживеел и да не влезеше во Сава, која таа декемвриска ноќ беше студена и надојдена, а носеше многу отпад, гранки и слично.

Пулсот се забрзува, можно е срцето да му чука толку брзо што во еден момент да застане. Овој трагичен настан само покажува колку дрогата може да биде смртоносна, а тоа што бил спортист не можело да му помогне, напротив“, објаснува овој искусен инспектор. Ова може да го објасни чудното однесување на пријателите на Матеј, кои веројатно и користеле наркотици, но се обиделе да тоа да го сокријат.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!