Вие имате прво да ја знаете вистината

Приведен криминалец баран со потерница за издржување казна затвор од скоро 11 години

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Р.К.(37) од Скопје кој бил баран со Централна потерница за издржување на казна затвор од 10 години и девет месеци во казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето било лишено од слобода во 14:30 часот на улица „Перо Наков” во Скопје и ќе биде предадено во казнено-поправната установа за издржување на казната за сторено кривично дело по член 236 и член 22 од Кривичниот законик.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!