Вие имате прво да ја знаете вистината

Кирил Петков по падот на владата: За се се виновни мафијата, руското влијание и една ќелава глава која говори од темнината како икона на злото (фото)

Откако бугарскиот парламент и изгласа недоверба на владата на оваа земја, премиерот во заминување Кирил Петков и се обрати на јавноста и ја критикуваше и работата на опозицијата и делувањето на одредени коалициски партнери.

Кога беше објавена одлуката за соборување на бугарската влада, Петков си го отвори срцето и им призна на медиумите во оваа земја дека негова најголема политичка грешка е што се согласил да соработува со некои бугарски партии кои ги ставаат сопствените интереси пред државните.

“Бојко Борисов (поранешен премиер и лидер на опозицијата) и нареди на целата ГЕРБ да гласа за падот на владата. Тие беа како овци. Не ги ни праша што мислат за тоа. Овие 59 луѓе зависеа од еден човек кој воопшто не беше во Парламентот. Кога станува збор за партијата “Има таков народ”, тие зависат од човек кој и се обраќа на јавноста од темнината на својата соба, ќелава глава и зборува како икона на злото (Слави Трифонов). Никој од луѓето кои ја сочинуваат оваа партија не е слободен да одлучува сам”, рече Петков.

Тој нагласи дека неговата влада започна голема борба против корупцијата што многумина ја идентификуваа како закана.

“Во овие шест месеци сакавме да се бориме против моделот на корупција изразен преку партиите како што се ГЕРБ и Има таков народ, и да ги браниме бугарските, а не странските интереси. Мислам дека руското влијание навлезе овде”, рече премиерот во заминување.

Сепак, тој посочува дека власта направи неколку грешки во својот мандат.

Едно од нив беше дека работевме од утро до вечер и не комунициравме се што правевме. Од друга страна пак имаше постојана реторика која на бугарскиот народ му даваше чувство дека не работиме добро. Сепак, има една работа во која не погрешивме – во ниту една одлука не отстапивме од принципите и ветувањата што ги дадовме, рече Петков.

Тој директно им се обрати на лидерите на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов и на ИТН, Слави Трифонов.

“Кога станува збор за Трифонов, тој е историја. Тој никогаш повеќе нема да има можност да направи политички проект, а да лаже толку многу луѓе. Луѓето видоа како неговите зборови се претворија во лаги, и тој едноставно исчезна. Збогум”, рече Петков.

За поранешниот премиер Борисов Петков исто така имаше порака.

“Гревовите што сте ги направиле со текот на времето и кражбите што сте ги направиле ќе ве стигнат. Ако денес се чувствувате поудобно поради падот на владата, тоа е минливо чувство. Тоа што го видов е дека ниту една партија не е подготвена да преговара со вас, нема да бидете фактор”, посочува премиерот на Бугарија.

Да потсетиме, Парламентот на Бугарија вчера на седница гласаше за недоверба на владата на оваа земја, а за оваа одлука гласаа 123 пратеници од вкупно 239 во бугарскиот парламент.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!