Вие имате прво да ја знаете вистината

Еклстоун: Верстапен лесно ќе ја освои титулата

– Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, смета дека Ферари веќе ги загубиле шансите за титулата и дека Макс Верстапен лесно ќе стане двократен шампион на крајот од сезоната.

– Јас, како и многу фанови, се надевав дека по повеќе од 14 години Ферари конечно ќе постигне успех оваа година. За жал, морам да кажам дека тие што ќе продолжат да типуваат на победа на Ферари и Шарл Леклер нема да добијат ништо. Ферари повторно почнуваат да грешат. Од време на време, проблемите со доверливоста на автомобилот почнуваат да потсетуваат на себе, а самите возачи не секогаш се чувствуваат целосно сигурни на патеката. Така Макс Верстапен лесно ќе ја освои титулата. За тоа сведочи барем фактот дека Макс веќе победи на шест трки оваа сезона, рече Еклстоун.

Во Генералниот пласман во Формула 1 шампионатот Верстапен е лидер со 175 бодови, Серхио Перез исто така од Ред Бул е втор со 129, Леклер од Ферари е трет со 126.

Кај конструкторите, Ред Бул е прв со 304 бода, Ферари има 228, Мерцедес е трет со 188.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!