Вие имате прво да ја знаете вистината

Ирански суд пресуди САД да исплатат 4,3 милијарди долари на семејства на нуклеарни научници

– Ирански суд донесе одлука Владата на САД да им исплати над четири милијарди долари на семејствата на ирански нуклеарни научници, убиени во целни напади изминатите години, јавија денеска ирански медиуми.

Семејствата на убиени тројца нуклеарни научници, заедно со едно лице кое се здобило со повреди во напад, поднесоа тужба во судот во Техеран. Судот пресуди САД да платат вкупно 4,3 милијарди долари отштета, јави иранската агенција ИРНА.

Британски медиуми пишуваат дека е нејасно како ќе се спроведе одлуката на судот. Нема американски имот што би можел да се конфискува, а самата пресуда е како средство со што дополнително се зголемуваат тензиите меѓу Иран и Западот, покрај несогласувањата поради иранската нуклеарна програма.

Судскиот огранок задолжен за разгледување ирански тужби против САД, упати повици до 37 поранешни американски официјални лица. Меѓу нив се и поранешните претседатели Барак Обама и Доналд Трамп, поранешниот државен секретар Мајк Помпео, поранешниот американски пратеник за Иран, Брајан Хук и поранешниот министер за одбрана Ештон Картер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!