Вие имате прво да ја знаете вистината

УНЕСКО: Повеќе од 150 објекти од културата во Украина делумно или целосно уништени

– Над 150 објекти од културата се делумно или целосно уништени за време на речиси четиримесечната војна во Украина, соопшти денеска Организацијата за наука, образование и култура на Обединетите нации (УНЕСКО).

„Во борбите делумно или целосно се уништени 152 културни објекти, вклучувајќи 70 верски објекти, 30 историски објекти, 18 културни центри, 15 споменици, 12 музеи и седум библиотеки“, се наведува во соопштението на УНЕСКО.

Три четвртини од овие уништени објекти се наоѓаат во три украински региони – Доњецк, Харков и Киев.

Увидот од терен го извршија експерти на УНЕСКО.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!