Вие имате прво да ја знаете вистината

Европско патувачко кино под отворено небо во Штип

Амбасадорот на Европската унија во државава, Дејвид Гир, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и проректорот на Универзитетот „Гоце Делчев” вечерва на летната сцена во Дом на млади беа дел од публиката на Европското патувачко кино под отворено небо во Штип. -Во Дом на млади вечерва ги гледавме филмовите „Законот на шепите” и ,,Атлас”, а утре штипската публика ќе има можност да ги погледне „Северен пол ” и „Вселенското момче”. Огромна благодарност за прекрасниот настан, кој провоцира да имаме што повеќе вакви организации, објави на својот фејсбук профил Јорданов.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!