Вие имате прво да ја знаете вистината

“НЕ ВИ СЕ ДОПАЃА МОЈОТ НАЧИН НА ГОВОР” Еди Рама “брише патос” со Бугарите и нивното МНР: И јас имам проблем со вас (фото)

И еден ден по самитот на ЕУ во Брисел, албанскиот премиер Еди Рама не престанува да ја обвинува Бугарија, која ги кочи пристапните преговори меѓу Албанија и Македонија за влез во ЕУ.

Рама овој пат на својот твитер профил саркастично се обрати до бугарското Министерство за надворешни работи, порачувајќи им или да го укинат ветото или да “научат да се справуваат со него”.

– Ох! Бугарското МНР има проблем со мојот начин на зборување! Поштено. И јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји од НАТО. Лесни пријатели: Подигнете го ВЕТОТО или научете да се справувате со мене! –  напиша Рама на Твитер предизвикувајќи лавина коментари.

– И, патем, да ве потсетам, драги бугарски пријатели, дека беше потребен краток телефонски разговор со Бојко Борисов за да се реши прашањето за бугарското малцинство во Албанија во пријателски и фер начин! Вистинските пријатели не се повредуваат еден со друг, туку искрено разговараат меѓу себе и испорачуцаат! – додаде Рама.

Да потсетиме, Еди Рама вчера, по пристигнувањето на Самитот на ЕУ, изјави дека е срамота што една земја на НАТО, Бугарија, на нивниот европски пат “киднапирала” уште две членки, Македонија и Албанија, во време кога во европската заднина дивее жешка војна, при што 26 држави седат мирно, покажувајќи ја својата беспомошност.

Тој се фотографираше и со македонскиот премиер Димитар Ковачевски испраќајќи порака до Брисел.

Дали уште го чекаме Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога било посветени сме на унапредување на модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух – напиша Рама со заедничка фотографија.

Инаку, завчера беше изгласана недоверба на владата на Кирил Петков со 123 гласа и неговиот кабинет е во оставка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!