Вие имате прво да ја знаете вистината

Османи: Имаше обиди за хибридни напади со цел да се наруши државната стратегија за францускиот предлог

Молкот од Владата во врска со францускиот предлог, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека е државна стратегија, со цел да не придонесат кон каква било дестабилизација. Но, како што истакна тој, имало обид за хибридни напади. Луѓе од државата се јавувале кај министри и политички партии и министри, со лажни информации за да се обидат да ја нарушат оваа стратегија.

Во гостување во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат, министерот Османи истакна дека доколку се докаже дека тоа е дел од некоја поорганизирана шема за да се наруши државната позиција, тоа поведува сосема други прашање и додаде дека ова не се однесува на новинарите и аналитичарите кои „во недостиг на информации биле принудени да создадат свој наратив“.

Османи истакна и дека вметнувањето на протоколот во преговарачката рамка за македонската страна го прави  францускиот предлог неприфалтив.

-Бидејќи се создаде таква хистерија по однос на францускиот предлог, а генерално таму е едно прашање на коешто забележуваме и сметаме дека го прави неприфатлив за нас. Тоа е прашањето на вметнување на протоколот во преговарачката рамка, вели министерот.

Тој додаде дека во досегашните предлози на Комисијата и во текот на германското и португагалското и словенечкото претседателство, секогаш, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство биле во основниот документ, во преговарачката рамка во параграфот 5.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!