Вие имате прво да ја знаете вистината

Оштетен е патничкиот авионот кој летал од Загреб за Сараево, во него било пукано од огнено оружје!?

Авионот на „Кроација ерлајнс“ кој синоќа од Загреб слета на пистата на меѓународниот аеродром во Сараево има штета за која се претпоставува дека е предизвикана од огнено оружје, пишува Klix.ba.

Пилотот кој управувал со авионот по пристигнувањето на сараевската писта пријавил оштетување на трупот на авионот, а според првите неофицијални информации штетата настанала од истрели од огнено оружје.

За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек.

„По добиените информации дека редовната проверка на авионот на сараевскиот аеродром, кој допатувал со лет од Загреб, покажала оштетување на трупот на леталото, кое можеби е предизвикано од огнено оружје, дежурниот обвинител на Обвинителството на БиХ побара истрага, која ќе ја спроведе истражен тим, во присуство на службеници од Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ“, се вели. во соопштението

Обвинителството соопшти дека безбедноста на патниците не била загрозена за време на летот, а со детален увид ќе се утврди видот на штетата како и безбедноста на леталото за понатамошна воздушна пловидба.

Засега не е познато каде е оштетен авионот и како дошло до инцидентот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!