Вие имате прво да ја знаете вистината

Принцот Чарлс жали за ропството: Не можам да ја опишам длабочината на мојата лична тага поради страдањето на толку многу луѓе

Во говорот пред лидерите на Комонвелтот во Руанда, британскиот принц Чарлс изрази длабоко жалење за ропството и призна дека корените на ропството лежат во болен период од историјата.

Комонвелтот, клуб од 54 земји од Британската империја, опфаќа околу една третина од човештвото и се претставува како мрежа на рамноправни партнери, но некои земји-членки повикаа на крај на колонијалното минато.

„Сакам да признаам дека корените на нашето модерно здружување одат длабоко во најболниот период од нашата историја“, им рече Чарлс на лидерите на Комонвелтот собрани на церемонијата на отворањето на дводневниот самит во Кигали.

„Не можам да ја опишам длабочината на мојата лична тага поради страдањето на толку многу луѓе додека продолжувам да го продлабочувам сопственото разбирање за долгорочните последици од ропството“, рече тој.

Велика Британија и другите европски земји поробија повеќе од 10 милиони Африканци помеѓу 15 и 19 век и ги префрлија преку Атлантикот на плантажи на Карибите и Америка. Многумина од нив загинаа на патот.

Членовите на Комонвелтот ги вклучуваат западноафриканските земји како Нигерија и Гана, од кои биле земени робовите и 12 карипски земји каде го поминале остатокот од својот живот, пренесува Ројтерс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!