Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѓоковиќ против Јужнокореецот Квон на стартот на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ја почне одбраната на титулата на Вимблдон против Јужнокореецот Сун Ву Квон, додека вториот носител, Шпанецот Рафаел Надал, во првото коло ќе игра против Франциско Серундоло од Аргентина.

Младата шпанска тениска ѕвезда и петти носител Карлос Алкараз на стартот на Вимблдон ќе се соочи со Германецот Јан – Ленард Штруф.

Доколку нема изненадувања, во четвртфиналето би се стретнале Ѓоковиќ против Алкараз и Надал против Канаѓанецот Феликс Оже-Олијасим. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!