Вие имате прво да ја знаете вистината

ПУТИН ЗА ПРВ ПАТ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА ЈА НАПУШТА РУСИЈА – Откриени се плановите на рускиот лидер

Рускиот претседател Владимир Путин следната недела ќе посети две поранешни советски држави во Централна Азија, објави во неделата руската државна телевизија, што е прво патување на рускиот лидер во странство откако нареди инвазија на Украина.

Поради руската инвазија на Русија, Москва се најде под сериозни финансиски санкции од Западот, кои според Путин поттикнале зајакнување на трговските врски на Русија со другите сили како Кина, Индија и Иран.

Павел Зарубин, дописник на државната телевизија Русија1 од Кремљ, изјави дека Путин ќе ги посети Таџикистан и Туркменистан, а потоа ќе се сретне со индонезискиот претседател Јоко Видодо на разговори во Москва.

Во Душанбе, Путин ќе се сретне со таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон, близок руски сојузник и владетел со најдолг стаж на поранешната советска држава. Тој ќе присуствува на самитот на касписките држави во Ашхабат, заедно со лидерите на Азербејџан, Казахстан, Иран и Туркменистан, рече Зарубин.

Последното познато патување на Путин надвор од Русија беше посетата на Пекинг на почетокот на февруари. Тогаш, рускиот лидер и кинески претседател Си Џинпинг го промовираа “договор за пријателство без ограничувања”, само неколку часа пред да присуствуваат на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри.

Неколку дена подоцна, Русија соопшти дека испратила војници во Украина на 24 февруари за да ја намали нејзината воена моќ, да го спречи Западот да ја користи за да и се заканува на Русија, да ги искорени националистите и да ги брани жителите што зборуваат руски во источните региони. Украина ја нарекува инвазијата окупација на делови од државата во империјален стил.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!