Вие имате прво да ја знаете вистината

Мисијата на Вархели пропадна, Блинкен и Шолц се вклучија во процесот, Македонија доби нов француски предлог од Макрон (видео)

Македонија денес доби нов француски предлог, како што се вели, проширен и надграден за решавање на спорот со Бугарија и за тргање на бугарското вето.

Во целиот процес или како се нарекува: 4 плус 1 плус 1 – се битни две работи. Прво историските прашања да не се составен дел од договорот, туку да бидат дел од протоколот. И според изјавата на македонскиот премиер тоа е почитувано во новиот француски предлог. И второ, што ќе биде постаро, јајцето или кокошката. Односно, дали прво ќе биде тргнато ветото, а потоа Бугарите ќе влезат во Уставот на Македонија или прво Бугарите ќе влезат во Уставот на Македонија па потоа ќе биде тргнато бугарското вето.

На тет-а-тет средбата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархели и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Скопје, било анализирана варијантата прво да се менува Уставот а потоа да падне ветото. Тоа му даваше голема преговарачка сила на Мицкоски, кој тогаш опозициското ДА за промени на Уставот ќе можеше да го “тргува” со ослободување на имотот на ВМРО ДПМНЕ и со судските процеси против неговите ментори или политички сојузници.

СДСМ бараше да биде тргнато ветото, а потоа да се направат уставните измени за да не бидат уценувани од Мицкоски.

Во текот на последните неколку дена во процесот на преговори се вклучија државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и германскиот канцерал Олаф Шолц и тоа резултираше со новиот француски предлог.

Сите овие работи беа анализирани во вечерашната емисија Во Центар. Емисијата можете да ја погледате на следниот линк:

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!