Вие имате прво да ја знаете вистината

МНТ на летна турнеја со „Не се клади на Енглези“ и „Народен непријател“

Македонскиот народен театар со две претстави ќе гостува на повеќе сцени во рамки на летната турнеја од 3 јули до 15 август. Турнејата на МНТ ќе почне задутре со гостување на 15. „Македонско културно лето“ во Пустец, Албанија, со претставата „Не се клади на Енглези“.

-Оваа копродукциска претстава веќе осум години опстојува на репертоарот на МНТ, а гостувањето е уште една убава можност да се претставиме и надвор од земјава, соопшти МНТ.

Со новата претстава „Народен непријател“ – која доби четири награди на МТФ „Војдан Чернодрински“, МНТ на 5 јули ќе гостува на Битолскиот летен фестивал – Битфест, кој покрај театар, нуди програма и со филм, концерти на класична, џез, рок и традиционална музика.

Со претставата „Народен непријател“ МНТ во рамки на летната турнеја ќе гостува и на 62. „Охридско лето“ на 15 август во Центарот за култура „Григор Прличев“

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!