Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова би бил трансферот на векот: На заедничка вечера Роналдо и е понуден на Барселона!?

АС пишува дека Жоан на заедничка вечера Лапорта и Жорж Мендеш разговарале за можното доаѓање на Португалецот во Каталонија.

Кристијано Роналдо изрази желба да го напушти Манчестер Јунајтед за следната сезона да игра во Лигата на шампионите, но сепак нема многу опции пред себе. На 37-годишна возраст, тој повеќе не е играч кој гарантира сигурност на својот работодавец и голови на долг период. Оние кои можат да си ја дозволат неговата плата од 25.000.000 евра годишно сакаат помлади, а тие што би сакале да го имаат во своите редови не можат да платат толку.

Досега се споменуваа Рома, Наполи, Баерн Минхен и Челзи. Баварците набрзина демантираа, а останатите (се уште) официјално не се изјаснуваат. Во меѓувреме пристигна нова “бомба” – Кристијано Роналдо може да оди во Барселона! Додуша, веста ја објави мадридски АС, кој е наклонет на Реал, но како насловна страница на својот портал, со информација која ја разбранува имагинацијата на навувачите.

Наводно, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш се сретнале на вечера во понеделникот вечерта, а во текот на разговорот неколку пати се споменувало името на искусниот Португалец. Познатиот весник пишува дека Барселона го сакала Роналдо минатото лето, кога тој од Јувентус се пресели во Манчестер Јунајтед за 15.000.000 евра, но тогаш финансиски загрозените Каталонци не можеле да го исполнат неговото барање за огромна плата. Сега ситуацијата е подобрена, касата се надополни со продажба на дел од правата за користење на брендот и пренос на натпревари, па клубот би можел да ги исполни очекувањата на Роналдо во однос на заработката. Прашање е “само” дали Португалецот е подготвен да им забие нож во срцата на навивачите на Реал Мадрид, чии бои ги бранеше девет години и кои го сметаат за икона на клубот, заради настап во Лигата на шампионите.

Во поновата историја имало трансфери од Барселона во Реал Мадрид, но во спротивна насока ги има многу помалку. Самуел Ето беше последниот што го направи тоа. Пред него Луис Енрике, Георги Хаџи, Роберт Просинечки…

Тешко е да се замисли Роналдо во црвено-синиот дрес, особено ако се земе во предвид неговото ривалство со Лео Меси, но маркетиншки, тоа веројатно би бил еден од најдобрите потези на Барселона во 21 век, па и пошироко. Петкратниот освојувач на Лигата на шампионите е далеку од тоа дека нема што да понуди. Минатата сезона постигна 18 гола на 30 натпревари во Премиер лигата и шест на седум натпревари од Лигата на шампионите. Тој не успеа да му помогне на клубот од Олд Трафорд да освои трофеј или место во елитното натпреварување, но сигурно е дека со подобра средина – тренер и соиграчи – од онаа што ја имаше во Манчестер Јунајтед, можеше да одигра барем еден поконкурентен циклус на високо ниво.

AS не уверува дека Лапорта и Мендеш разговарале токму за тоа, но и за Рубен Невес (Вулверхемптон), Рафаел Леау (Милан) и Бернардо Силва (Манчестер Сити). Сите тие се претставени со Мендеш и исто така би биле големи засилувања, сепак, во однос на обештетувањето – поскапи од Роналдо, кој има уште една година од договорот со Јунајтед.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!