Вие имате прво да ја знаете вистината

Учесниците на протестот против францускиот предлог пристигнаа пред Собранието

Со транспаренти „Ултиматиум, не благодарам“ и „Сепак, ние ќе победиме“, учесниците на протестот против францускиот предлог пристигаа пред Собранието. Претходно, поминаа покрај Министерството за правда каде скандираа „оставка“.

Засега, протестот поминува мирно. Меѓу граѓаните се и членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на Левица кои јавно ги поддржуваат протестите.

Објектите на Собранието и на Министерството за правда се обезбедени од полициски кордони.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!