Вие имате прво да ја знаете вистината

Стевчо Јакимовски со предлог до Мицкоски: Не го измачувај членството и народот

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски на својот фејсбук профил се осврна на синоќешното гостување на Христијан Мицкоски на телевизија Сител, по кое му упати неколку прашања:

„Мицкоски гостуваше на Телевизија Сител и кажа две значајни работи.

Прво, вели дека францускиот предлог не предизвикувал правни последици и не можело врз него амандмански да се влијае.
По трет пат поставувам исто прашање зошто бе Христијан ја правевте собраниската работна група, се сликавте во клуб на пратеници заедно со Павле и велевте ќе сте работеле на подобрување на текстот (на Само Вистина претседателот на патриотскиот институт Пандов ме уверуваше дека работната група ќе направи значајни измени во текстот).
Второ, на прашање на новинарот што понатаму, Мицкоски дава одговор ќе собирале 150 илјади потписи и ќе одиме на референдум.
Прашање: Ќе собираш потписи исто онака како што собираше за пописот? 130 илјади потписи собра нели?!
Нова фарса!

Јас имам подобар предлог, Христијан не го измачувај членството и народот, прифати го нашиот проглас и ајде да потпишеме договор со кој ќе му гарантираме на народот дека ако ни даде поддршка на изборите (а ќе ни даде) ќе го поништиме овој предлог. Не ти треба потписи, ниту референдум само потпис на заеднички договор во кој сите заедно им гарантираме на македонците дека предавството ќе го стопираме.
Ајде комито не се плаши, ГРОМ е зад тебе!“

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!