Вие имате прво да ја знаете вистината

Марко Милошевиќ еден од најопасните луѓе во Русија? Еве со што се занимава синот на Слободан Милошевиќ!

Публицистот и политички аналитичар Томислав Кресовиќ изнесе шокантни и крајно непроверени информации за Марко Милошевиќ, синот на поранешниот Претседател на Србија, Слободан Милошевиќ.

Имено, Кресовиќ тврди дека Марко Милошевиќ наводно е на чело на еден сериозен картел и тој е еден од шефовите на руската мафија. Публицистот тврди дека ги има тие информации, иако никаде не постои официјална потврда на неговите тврдења.

“Марко Милошевиќ сега е еден од меѓународните шефовите на руската мафија помеѓу Азија и Европа. Тој води еден озбилен картел на мафијата. Марко ќе се врати, неговите бизниси се овде”, изјавил своевремено Кресовиќ во едно интервју.

Кресовиќ наводно знае дека Марко сега одлично го говори рускиот јазик и дека можеби се наоѓа под будното око на руската безбедност, како син на поранешниот Претседател на Југославија.

“Неговата мајка живееше таму, Живееше во местото Барвикха, тоа е руското Дедиње, а таму не би можела да живее од својата пензија”, рекол Кресовиќ, не наведувајќи докази ни за ова свое тврдење.

Она што треба да се нагласи е дека не постои ни еден официјален податок или потврда на зборовите на Кресовиќ во врска со тоа со што се занимава сега синот на Милошевиќ.

Кресовиќ тврди дека Марко Милошевиќ во деведесеттите работел со дрога и цигари.

“Тој и неговите пријатели беа претходница на Земунскиот клан. Во еден момент беше посериозен играч и од Жељко Ражнатовиќ Аркан, бидејки зад себе го имаше Раде Марковиќ”, вели Кресовиќ.

Кога сме кај Аркан, постои приказна дека тој му удрил неколку шамари на Марко, но според Жарко Поповиќ, поранешен шеф на одделението за крвни деликти, тоа не е вистина.

“Аркан не го шамараше Марко Милошевиќ. Ни во лудило. Инаку, Слободан Милошевиќ го сакаше и почитуваше Аркан. Не верувам дека Аркан би се осудил на такво нешто.”

Но постоеше некој кој се осмели да го направи тоа. Тоа е Раде Чалдовиќ – Чента, криминалец од деведесеттите.

“Тој ден Раде Чалдовиќ купуваше парфем во фри-шоп на аеродром. Немаше ситно, па на продавачката и даде 100 марки. Таа му рече дека нема ситно за да му врати, тогаш тој го зеде парфемот и рече дека ќе дојде наредните денови за да плати. Влада Треф и Марко Милошевиќ ги држеа сите фришопови во Србија. Имаа монопол над тој бизнис. Тука се вртеа милиони.Тогаш дојде Марко и почна нешто да му приговара на Чента и тој му удри таков шамар што го преврте наопаку”, раскажа Поповиќ во емисијата Актуелности на TV Happy.

Марко се дружел со Влада Треф. Уште како мал покажал интересирање за автомобили и брзо возење, па во 1992 се зачлениlува во авто-мото клубот на Влада Треф.

Како професионален возач постигна неколку успеси, меѓутоа, потоа исплива информација дека во некои трки на учесниците им е “обрнувано внимание” со кого се тркаат. Преку овој спорт тој станува близок пријател со Треф. Треф е ликвидиран на 20 февруари 1997 година на влезот во Сава Центар, пред влезот на канцеларијата на неговата фирма. До денес ова убиство е неразјаснето. Можеби затоа што во врска со неговото убиство често е спомнуван токму Марко Милошевиќ. До крај на пријателството доаѓа кога еден ден Треф се враќа дома, бидејќи го заборавил пасошот, каде ги фаќа “на дело” својата втора жена Бојана и Марко. Тој ги претепува и двајцата, по што Марко му се заканува. Набрзо потоа е убиен, а откако оваа приказна ја раскажува и неговиот син од првиот брак, го убиваат и него.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!