Вие имате прво да ја знаете вистината

ПРЕКРАСНА ВЕСТ: Пожарите во земјава ставени под контрола

Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи денеска одржа седница на која беше разгледана подготвеноста за справување со пожари, при што е заклучено дека неколкуте пожари кои избувнаа во земјава се ставени под контрола.

– Пожарите коишто беа активни во Општина Берово, како и другите пожари низ државата се ставени под контрола. МВР, заедно со ЦУК, АРМ, ДЗС се во постојано 24-часовно дежурство и надгледување на пожарите, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Претходно Владо Клинчарски од ЈП „Македонски шуми – Малешево“ – Берово за МИА изјави дека на штотуку завршената координација на институциите вклучени во справувањето со пожарите во Беровско било најавено дека повторно ќе имаат поддршка од воздух, оти полициски хекикоптер почнува рано со гаснењето на пожарот, а дека Ер тракторот се вклучува по потреба.

Тој нагласи дека останува уште еден дел зафатен со пожарот да се исконтролира, поради проблени со посилен ветер и високите температури. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!