Вие имате прво да ја знаете вистината

Рот: Плановите на Шмит не одговараат на резолуцијата на Бундестагот

На Босна и Херцеговина конечно и треба нов демократски изборен закон етнички поделената земја ќе ја претвори во држава на еднакви граѓани, напиша тој.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг, Михаел Рот од СПД, не е задоволен од документот на Кристијан Шмит кој протече во медиумите, а се однесува на неговиот предлог за наметнување на Изборниот закон на БиХ.

„На Босна и Херцеговина конечно и треба нов демократски Изборен закон кој етнички поделената земја ќе ја претвори во држава на рамноправни граѓани. Плановите на високиот претставник Кристијан Шмит не соодветствуваат ниту на овој водечки принцип, ниту на најновата одлука на Бундестагот“ напиша Рот на Твитер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!