Вие имате прво да ја знаете вистината

ПРЕСВРТ ВО ПОЛИТИКАТА: Ердоган им го врти грбот на САД: Мора да го напуштат источниот брег на Еуфрат!?

Новата офанзива на турските сили против курдските милиции ЈПГ во Сирија ќе остане на агендата на Турција додека не се решат нејзините безбедносни проблеми, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Изјавата уследи по состанокот на лидерите на Турција, Русија и Иран минатата недела во Техеран.

Ердоган, кој претходно оваа година најави дека Турција ќе започне нова офанзива во северна Сирија против ЈПГ, разговараше за Сирија со своите руски и ирански колеги минатиот вторник во Техеран. Турскиот претседател пред новинарите изјави дека овие три земји се обединети против тероризмот, иако имаат различни ставови за некои прашања поврзани со Сирија и дека, според него, сите три држави мислат исто за ЈПГ, која Анкара ја смета за терористичка организација, пренесува Ројтерс.

Тој исто така рече дека САД мора да го напуштат источниот брег на Еуфрат и дека тоа е заклучокот што произлегува од процесот во Астана.

По враќањето од Техеран, каде што заедно со руските и иранските колеги Владимир Путин и Ебрахим Раиси учествуваше на седмиот трилатерален самит во формат Астана, Ердоган рече дека Америка мора да го напушти источниот дел на Еуфрат.

Ердоган ја обвини ЈПГ, клучниот сојузник на Вашингтон во борбата против Исламската држава во Сирија, дека “истекува” сириска нафта, а потоа и ја продава на владата на претседателот Башар ал Асад. Тој додаде дека САД мора да се повлечат од териториите источно од Еуфрат и да престанат да ги поддржуваат терористичките групи.

Од друга страна, Ердоган рече дека сака планот за обновување на извозот на украинското жито во Црното Море, врз основа на планот на ОН, да биде писмено евидентиран оваа недела, откако минатата недела беше постигнат генерален договор.

Анкара во понеделникот рече дека средбата меѓу претставниците на Русија, Украина, Турција и ОН ќе се одржи оваа недела.

“Од минатонеделните разговори во Истанбул дојде план за нацрт-процес врз основа на планот на ОН. Сега сакаме да го запишеме овој договор во писмен документ. Се надеваме дека планот ќе почне да се спроведува во наредните денови” – рече Ердоган.

Тој, исто така, рече дека Турција и Русија, соседите на Црното Море, ќе ја продолжат соработката за природниот гас и нуклеарната централа Акју. Ердоган, исто така, рече дека разговарал со Путин за купување амфибиски авиони од Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!