Вие имате прво да ја знаете вистината

Тренерот на Челзи фатен на јахта со новата девојка по разводот од долгогодишната сопруга (фото)

Тренерот на Челзи, Томас Тухел (48) е фотографиран со новата девојка Натали Макс (35) на одмор на Сардинија додека заедно уживаат на јахта.

Тухел се гледа со атрактивната Бразилка, мајка на две деца, од мај, откако претходно оваа година беше финализиран разводот со поранешната сопруга Сиси (46) со која беше во брак 13 години.

Според блискиот пријател на Натали, новата двојка е многу среќна и го поминува целото свое време заедно, а Макс заминува во Италија за да му се придружи на Томас на нивниот прв романтичен одмор.

На фотографиите кои ги објави The Sun, двојката разменила нежни погледи, па дури и неколку бакнежи. Тие се држеа за рака во секоја шанса и изгледаа многу среќни и заљубени.

Германскиот тренер и неговата нова партнерка отидоа на капење, а потоа ручаа во ресторанот на хотелот, а го посетија и островот Капрера. Откако уживаа во релаксирачкиот ден и романтичното зајдисонце на бродот, и двајцата се вратија во приватната вила каде што престојуваа.

Натали Макс е мајка на две деца и моментално живее во Лондон. За младата жена малку се знае, освен дека има сопствен бизнис, бидејќи е многу таинствена на социјалните мрежи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!