Вие имате прво да ја знаете вистината

Ја донесе титулата со гол во 110. минута и во транс го соблече дресот: Целосен хаос пред речиси 90.000 фанови! Англија е шампион на Европа (видео)

Женската фудбалска репрезентација на Англија ја покори Европа! Во финалето Германија падна по продолженијата со резултат 2:1, пред полните трибини на Вембли.

Неколку дена пред финалниот меч се знаеше дека славниот стадион е распродаден и дека борбата за трофејот на ЕП ќе ја гледаат близу 90.000 навивачи.

А, во неделата се виде вистински спектакл и фудбалско шоу, по што огромното мнозинство од тие гледачи задоволни си заминаа дома.

Ела Тун ја доведе Англија во водство во 62. минута, а Лина Магул го доведе натпреварот во продолжение во 79. минута.

Победата за домашните ја донесе Клои Кели во 110. минута.

Дваесет и четиригодишната девојка која во сета еуфорија настапува за Манчестер Сити за време на прославата го соблече дресот и со тоа дополнително ја разгали воодушевената публика.

Англија за прв пат во историјата го освои Европското првенство, а интересно е што во финалето ја победија најуспешната репрезентација, откако Германија осум пати беше најдобра на стариот континент.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!