Вие имате прво да ја знаете вистината

Откриен е ген кој го намалува ризикот од смрт предизвикан од Ковид – само 10 отсто од Европејците го имаат

Истражувањето на научниците од Универзитетот во Дуизбург-Есен (УДЕ) во западна Германија покажа дека одреден ген го намалува ризикот од смрт од Ковид за 35 проценти. Студијата следела 1.570 пациенти на кои им бил дијагностициран коронавирус помеѓу 11 март 2020 година и 30 јуни 2021 година, објавиле научниците од германскиот универзитет.

Дури 13 проценти или 205 од учесниците во студијата имале само лесна форма на болеста, 760 или 48 проценти од нив биле хоспитализирани, а 292 или 19 проценти од нив завршиле на одделението за интензивна нега.

Починале 313 пациенти од вкупниот број на пациентите кои биле дел на ова истражување.

Генот кој ја намалувал веројатноста за смрт кај некои пациенти бил наречен GNB3 TT. Станува збор за варијанта за која се проценува дека е присутна кај околу 10 проценти од европското население.

GNB3 е ген кој ги декодира таканаречените Г-протеини кои се важни за голем број процеси во телото. Студијата исто така покажа дека генот GNB3 „предизвикува активирање на имуните клетки“, изјави еден од авторите на студијата, Бирте Молендик.

Овој побрз имунолошки одговор „може да објасни зошто ризикот од смрт е многу помал за групата луѓе кои го носат овој ген“, објасни Бирте Молендик.

Студијата ја потврди претпоставката дека младоста и отсуството на хронични здравствени проблеми, како што е дијабетесот, значително ги зголемуваат шансите поединецот да преживее инфекција со Ковид.

Студијата, чии резултати беа објавени во стручното списание Frontiers in Genetics, не го следеше однесувањето на новата омикрон варијанта на коронавирусот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!