Вие имате прво да ја знаете вистината

Столтенберг: Српската и косовската страна конструктивно да се вклучат во дијалог и да го решат спорот по дипломатски пат

 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека српската и косовската страна мора „конструктивно да се вклучат“ во дијалогот со посредство на ЕУ и да ги решат проблемите дипломатски.

„КФОР е подготвен да интервенира доколку е загрозена стабилноста“, нагласи тој по телефонскиот разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Столтенберг на Твитер напиша дека со Вучиќ разговарал за „тензиите на северот на Косово“, пренесе Бета.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!