Вие имате прво да ја знаете вистината

Бред Пит е воодушевен од талентот на својата ќерка Шајло: “Не знам од кого го наследила”

Актерот не можеше да ја сокрие гордоста кога на премиерата на филмот еден новинар го праша за неговата 16-годишна ќерка, за која оваа пролет беше откриено дека е феноменална танчерка.

Бред Пит со години молчи за семејните односи и децата, но сега направи исклучок и даде прекрасни коментари за една од ќерките што ги има со поранешната сопруга Анџелина Џоли. За време на премиерата на неговиот најнов филм Bullet Train во Лос Анџелес, 58-годишниот оскаровец изјави дека неговата Шајло е “прекрасна”.

Во разговор со новинарката Нишел Тарнер, актерот откри дека неговата 16-годишна ќерка има неверојатни танцови потези кои се толку добри што “ти ги будат сите емоции и те тераат да плачеш”. Шајло неодамна танцуваше со другарките, а тоа видео се најде на социјалните мрежи.

“Не знам од кого го наследи талентот. Јас имам две леви”, додал Бред со насмевка.

Анџелина Џоли речиси секогаш ги носи своите деца на своите премиери.

Во јуни беше објавено видео од Шајло како танцува со нејзината танцувачка екипа. Девојката е облечена во црна тренерка и црна маица со натпис “Битлси”. Таа танцуваше со уште две колешки на песната “Вегас” од Доја Кат. Снимката беше поставена на YouTube од кореографот од Лос Анџелес Хамилтон Еванс.

“Шило сака да танцува. Таа е неверојатно талентирана и ги посетува овие часови веќе неколку години”, изјавил еден инсајдер за американските медиуми.

Наскоро се појавија и други снимки од истата група. Шајло воодушеви со своите танцови потези во хип-хоп кореографијата.

Кога гордиот татко на премиерата го прашале дали мисли дека неговите деца ќе се обидат да се однесуваат како него и Анџелина Џоли, тој одговорил дека само би сакал тие да бидат среќни.

“Сакам кога го наоѓаат својот пат, наоѓаат работи за кои се заинтересирани и го негуваат тоа”, рекол Пит за своите деца.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!