Вие имате прво да ја знаете вистината

Во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници

Властите во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници.

Таквиот потег ќе ослободи средства за итни случаи и ќе укине некои бирократски пречки, јавија американските медиуми.

Објавата доаѓа повеќе од една недела откако Светската здравствена организација прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради избувнувањето на тој вирус.

– Подготвени сме за наш одговор на следно ниво во справувањето со тој вирус и го повикуваме секој Американец сериозно да ги сфати мајмунските сипаници, нагласи секретарот за здравство, Ксавиер Бесера, на брифингот со новинарите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!