Вие имате прво да ја знаете вистината

Естонија да ги демонтира или премести сите преостанати споменици од советската ера

Сите преостанати споменици во Естонија кои датираат од советската ера наскоро ќе бидат демонтирани или преместени, изјави Каја Калас, премиерката на малата балтичка земја што граничи со Русија.

– Главната работа е решена – советските споменици мора да се отстранат од јавниот простор, а ние ќе го направиме тоа што е можно поскоро, рече Калас, пренесува ДПА.

Кога и по кој редослед ќе бидат отстранети поединечните споменици зависи од волјата и логистичкото планирање на дел од градовите и општините, додаде таа. Според Калас, во Естонија се уште има меѓу 200 и 400 споменици од советската ера.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!