Вие имате прво да ја знаете вистината

Кирјос со топката ја удри постарата госпоѓа во глава, а потоа направи потег вреден громогласен аплауз. (Видео)

Австралискиот тенисер Ник Киргиос се пласираше во 3.коло на АТП турнирот во Вашингтон откако го победи Американецот Томи Пол со 6:4 и 6:3.

Сепак, еден детал остана интересен со овој натпревар.

Во првиот сет, една негова топка удри во глава постара госпоѓа во првиот ред. Не беше силен удар, топката полека одеше и претходно се одби од земја, но контактот очигледно ja повреди симпатизерката.

Пол веднаш отиде да провери дали се е во ред со госпоѓата, а потоа Ник дојде од другата страна на теренот и и даде крпа.

Секако, сето тоа беше проследено со громогласни аплаузи, а Австралиецот до крајот славеше со 2:0 и се избори за пласман во наредниот круг. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!