Вие имате прво да ја знаете вистината

Кога жената е подготвена да биде мајка?

Дали сум подготвена да бидам мајка? Ова прашање сигурно ѝ паднало на ум на секоја жена која сака да има деца.

Се разбира, чувството на несигурност е сосем нормално – бременоста и родителството го вртат животот наопаку, носејќи со себе и бескрајна среќа, но и огромна одговорност. Затоа, жената прво ќе треба да си одговори на овие шест основни прашања кои ќе Ви помогнат, пред сѐ – да го скротите емотивното торнадо во Вас, а и ќе Ве подготват за возбудливата животна авантура што Ве чека…

Дали сум подготвена да се откажам од работите што ме прават среќна заради моето дете?

Анализирајте го Вашиот секојдневен живот и замислете како би изгледало кога во него би имало дете. Дали има некоја лоша навика што треба да ја прекинете? Дали размислувате да барате нова, поисполнета работа наскоро? Кои социјални и здравствени придобивки Ви ги нуди сегашната работа?

Што сакам да ми се случи и каде детето фигурира во овој план?

Секој има свои цели, соништа, копнежи. Замислете како би изгледал вашиот пат до успехот доколку треба да го одите со бебе до себе.

Дали сум финансиски подготвена да издржувам дете?

Да се ​​има и да се одгледува дете секако не е евтин потфат. Дури и најпрактичните луѓе понекогаш наидуваат на неочекувани финансиски тешкотии. Истражете ја приближната сума месечно потребна за воспитување дете и видете дали тоа, отприлика, ќе се вклопи во вашиот буџет.

Може ли да обезбедам безбедна, безгрижна и мирна средина за воспитување дете?

Дали има доволно простор во домот за нов член на домаќинството? Ако живеете под кирија и еден ден сфатите дека имате неколку дена да го напуштите Вашиот стан, дали имате „план Б“?

Дали мојата работа ми дозволува да се грижам за мојот личен живот?

Секако дека може да се балансираат работата и семејството. А сепак, има професии кои не се соодветни за мајки на едногодишни деца поради работното време, платата, неизвесноста, стресот… Доколку премногу ја сакате својата работа, без разлика колку таа бара ангажман и посветеност, а Вие сепак сте решени да имате дете, погрижете се да има некој на кој може да сметате како безрезервна помош и поддршка.

Дали сум физички и емоционално подготвена да бидам мајка?

Бременоста и родителството се сериозни предизвици за Вашето тело и за психичкото здравје. Уверете се дека сте во добро здравје пред да размислите за преземање на овој важен чекор во животот. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!