Вие имате прво да ја знаете вистината

Пекарите низ Македониjа најавуваат зголемување на цената на лебот по 15 август

Новите цени на лебот се повисоки за 8 до 10 отсто. Причина за ваквото зголемување се скапите енергенси, велат од мелничко-пекарската индустрија

Дел од производителите на леб во земјава ја зголемија цената, а штипските пекарници се уште лебот го продаваат по старата цена.

Се очекува цената на лебот да се покачи за два денари, а корекцијата ќе ја направат по 15 август. Посочи дека ова се должи на зголемување на цената на струјата, како и на повисоката откупна цена на житните кутури.

Во моментов на рафтовите во пекарниците и супер маркетите најниската цена на лебот во зависност од грамажата е околу 30 денари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!