Португалецот Ренато Санчез го напушти Лил и кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.
Оваа вест ја потврди и францускиот шампион, а Санчез потпиша за парискиот тим до 2027 година, наводно за 10 милиони евра обештетување.
– “Сигурен сум дека го направив вистинскиот избор. Го избрав ПСЖ бидејќи мислам дека тоа е најдобриот проект за мене. Останувањето во Франција ми беше важно бидејќи веќе ја познавам оваа лига” , изјави 24-годишниот Португалец за клупската веб-страница.
За португалската репрезентација забележа 32 настапи и постигна три гола.