Вие имате прво да ја знаете вистината

САД ги пофалија дипломатските напори на Турција во врска со транзитот на жито од Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги пофали дипломатските напори на Турција кои овозможија првата пратка украинско жито да го премине Црното Море од почетокот на руската инвазија на Украина, соопшти Стејт департментот.

Во разговорот со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, Блинкен ја нагласил важноста да се работи заедно за да се осигура дека повеќе бродови со жито ќе можат да ја напуштат Украина.

Блинкен додал дека е важно Москва да биде одговорна за обврските што ги презела.

Во разговорот со турскиот колега, тој го спомена и конфликтот во Нагорно Карабах, велејќи дека САД се подготвени да се ангажираат билатерално.

Секретарот Блинкен и министерот за надворешни работи Чавушоглу разговараа и за начините за подобрување на координацијата и единството во НАТО алијансата, во врска со заканата од натамошна ескалација од страна на Русија и војната во Украина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!